Новиот тренер Бобан Бабунски ја одржа првата прозивка на македонскиот второлигаш Пелистер. Тој дојде во Битола да се обиде со „пелистерци“ да ја исполни мисијата за враќање во елитата.
„Пролетта ќе биде исклучително тешка, секој натпревар ќе биде борба на живот или смрт. Пелистер е бренд, отсекогаш играл допадлив фудбал и ќе се обидеме да играме така на секој меч. Но, секако дека приоритет се резултатите и пласман во елитата. Тоа е обврска на која се нафатив, но заедно со раководството и со фудбалерите и ќе се обидеме да ја реализираме“, изјави Бабунски.
Првиот дел од подготовките Пелистер ќе ги реализира во Битола, а потоа ќе замине во Дојран или во Охрид.
Фото: www.bitolanews.com
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













