Connect with us

Австриските пожарникари на теренот на Кит Го, одложен тестот со Детонит

Македонскиот второлигаш Кит Го излезе во пресрет и го отстапи фудбалскиот терен во Пехчево на австриските пожарникари кои дојдоа да помогнат во борбата за гаснење на огнената стихија во Малешевијата.


Токму поради тоа одложен е и за денеска предвидениот пријателски натпревар меѓу Кит Го и Детонит јуниор кој требаше да се игра во Пехчево.

„Наспроти активниот подготвителен период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, нашиот клуб демонстрирајќи максимална општествена одговорност се одлучи да се стави во функција на заедницата.
Раководството на ФК Кит Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на австриските пожарникари кои допатуваа во Македонија на помош за справување со огнената стихија која владее во Малешевијата“,
соопштија од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови