Connect with us

Аврамовски потпиша за Вардар

Вардар по серијата слаби резултати на подготовките во Анталија продолжува да го засилува играчкиот кадар. Откако беше договорен трансферот на Бразилецот Фелипе, од денеска нов член на „црвено-црните“ е 23-годишниот фудбалер од средниот ред, Даниел Аврамовски, кој потпиша договор со „вардарци“ со важност до јуни 2019 година.

Аврамовски е поранешен младински репрезентативец на Македонија. Тој има настапувано за Македонија Ѓорче Петров и Работнички, пред да замине во Србија во екипата на Црвена Звезда. Откако не се снајде во таборот на „црвено-белите“ Аврамовски замина во Олимпија Љубљана, потоа настапуваше и за Војводина, по што последните шест месеци повторно го мина во словенечкото првенство, во Олимпија.
„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб. Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање“, рече Аврамовски по потписот на договорот со „вардарци“.
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови