
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на комплексот „Петар Милошевски“ го одржа првиот тренинг од мини подготовките во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕВРО 2020 против Австрија и против Израел. Во националниот тим има и двајца дебитанти, Тихомир Костадинов од Ружомберок и Даниел Аврамовски од Вардар.
Тие во минатото беа дел од младата репрезентација до 21 година, а сега за првпат добија повик и од селекторот на А-селекцијата, Игор Ангеловски.
„Имам огромна желба е да дебитирам за Македонија, си ја сакам државата и ќе дадам се од себе во дресот на репрезентацијата. Ако ми биде дадена шанса, ветувам дека ќе ја искористам. Австријците се одлична репрезентација, но ние се предаваме, ќе одиме да одиграме најдобро што знаеме и да оствариме позитивен резултат“, изјави Даниел Аврамовски.
Тихомир Костадинов е среќен што ќе биде дел од најдобрата селекција, заедно со Пандев, Барди, Несторовски…
„Чест е да се биде дел од најдобрата селекција на Македонија, заедно со Пандев, Барди, Несторовски и останатите. Се надевам дека добро ќе се вклопам и дека ќе ја оправдам довербата. Познавам дел од фудналерите од младата селекција и верувам дека можеме да стигнеме до добри резултати на мечевите со Австрија и со Израел“, изјави Тихомир Костадинов.
На првиот тренинг не беа присутни Горан Пандев, Енис Барди, Илија Несторовски и Столе Димитриевски, тие од утре ќе се приклучат во работата со националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
