
Шкупи во минатото коло го искористи киксот на Струга ТЛ и се израмни бодовно на врвот на табелата со актуелниот првак. Херој беше Емануел Аворнио, кој постигна два гола во финишот и донесе триумф во драматичната разврска. Тоа беше деби победа и за новиот тренер Ернест Ѓока.
Аворнио ќе биде еден од адутите на Шјупи и на денешното гостување во Гостивар.
„На натпреварот против Гостивар ќе дадеме максимум за да ги освоиме трите бода. Атмосферата во клубот е прекрасна и очигледно сите треба да очекуваат уште повеќе од овој тим. Иако игравме во недела, мислам дека не е време за одмор, бидејќи нашата цел е да станеме шампиони и мора да бидеме подготвени за сите натпревари. Подготвени сме да се соочиме со притисокот“, изјави Аворнио.
Актуелниот шампион Струга ТЛ неочекувано загуби од Силекс (2-3) на домашен терен во минатото коло и веќе нема право на кикс до крајот на шампионатот во трката за титулата. Денеска стружани гостуваат во Кавадарци и ќе имаат дуел против Тиквеш,
Шкендија на домашен терен ја пречекува Брера, а тренерот Јетон Ќерими ќе го нема на располагање крилниот напаѓач Роналдо Вебстер.
Силекс во Кратово е домаќин на Работнички, а интересни битки ќе се водат и за опстанок.
Во Штип, Брегалница е домаќин на Вардар, додека во Ѓорче Петров ќе играат Македонија ЃП и Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО (денеска, 16 часот)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – БРЕРА
ГОСТИВАР – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
