Пандев и Стојков беа опасен тандем на времето…На почетоците заедно заминаа од Беласица во Интер, дури велеа и дека Аце Стојков е многу поперспективен во тоа време. Но, сепак, Горан Пандев израсна во најдобар македонски фудбалер на сите времиња и се уште е активен, додека Стојков ја заврши кариерата, исто така одлична, интернационална.
„Ех, кога би можел сега да сум до Пандев“, го фаќа еуфорија и Аце Стојков.
Беше гостин во емисијата „Сега е наше време“ на ФФМ и истакна дека очекува сигурна победа на Македонија против Косово.
„Оваа шанса мора да се искористи. Им даваме поддршка на репрезентативците, цела Македонија е со нив“, порачува Аце Стојков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













