Connect with us

Атлетико се врати на победнички пат пред дербито со Реал (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид се врати на победничкиот пат со триумф од 2-0 против Мајорка на домашен терен, прекинувајќи ја кратката негативна серија во Ла Лига.

По неочекуваниот пораз од Леганес, кој ја прекина нивната импресивна низа од 15 натпревари без пораз, тимот на Диего Симеоне овојпат одигра дисциплинирано и сигурно ги освои трите бода.

Првиот погодок на „Ванда Метрополитано“ го постигна Лино во 26. минута, по одлична асистенција од Џовани Симеоне, синот на тренерот Чоло Симеоне. Победата ја запечати Антоан Гризман со погодок во завршницата на натпреварот.

Со овој успех, Атлетико Мадрид се искачи на второто место во Ла Лига со 48 бода, а во следното коло ги очекува големото градско дерби против Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови