Connect with us

Атлетико се повлече, Јувентус најблиску до потписот на Мекалистер

Раководството на Атлетико Мадрид ја промени својата одлука да преговара за играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мекалистер, тврдат медиумите во Шпанија. Ова поради тоа што англискиот клуб бара 65 милиони евра за светскиот шампион со Аргентина.


Сепак, Јувентус е подготвен да плати толкава сума.

23-годишниот играч од средниот ред одигра шест натпревари на Светското првенство 2022 година во Катар, забележувајќи асистенција во финалето против Франција.

Актуелниот договор на Мекалистер со Брајтон истекува во летото 2025 година.

Фудбалерот од средниот ред оваа сезона одигра 14 натпревари во Премиер – лигата и постигна пет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови