Атлетико Мадрид е заинтересиран за напаѓачот на Хетафе, Мејсон Гринвуд, пренесува британски „Тајмс“. Англичанецот настапува за шпанскиот клуб како позајмен од Манчестер Јунајтед.
Според изворот, Атлетико Мадрид е заинтересиран за играчот, но сѐ уште не е подготвен да ги плати бараните 50 милиони евра за него. Барселона исто така сакаше да го ангажира играчот, но се откажа од идејата поради минатото на напаѓачот.
Гринвуд долг период се соочуваше со обвинување за сексуално вознемирување, но на крајот сите обвиненија против него беа отфрлени.
Оваа сезона 22-годишниот Гринвуд одигра 26 натпревари, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













