Јувентус се раздели од Федерико Бернардески, кој мина пет сезони во Торино. Италијанскиот репрезентативец е слободен играч и ќе може да избере нов клуб во летниот преоден рок.
28-годишниот фудбалер има две сериозни опции за следниот клуб во кариерата.
Првиот кој го контактирал Бернардески бил големиот ривал на Јувентус, Наполи.
„Наполитанците“ стапиле во контакт со агентот на крилниот напаѓач, но поранешниот играч на Јувентус не е толку заинтересиран за потпис со нивните големи ривали.
Во меѓувреме Диего Симеоне го свртел телефонот на Бернадески и го поканил во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ не сакаат да ја пропуштат можноста да го доведат италијанскиот претставник без обештетување.
Од Торино во Мадрид веќе замина Алваро Мората, кој се прости од „старата дама“ и се врати на „Ванда Метрополитано“, Симеоне се надева дека по неговиот пат ќе тргне и Бернардески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













