Connect with us

Атлетико Мадрид не застанува: Освоен и Сан Себастијан (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид стигна до десеттата победа во Ла Лига оваа сезона совладувајќи го на гости Реал Сосиедад со 0-2. Избраниците на Диего Симеоне повторно се одлепија на врвот на табелата, со три бода предност пред Реал Мадрид. 

Марио Хермосо на почетокот на вториот дел ја начна мрежата на Реал Сосиедад, а точка на триумфот стави Маркос Љоренте со погодокот во 74.минута од мечот. 

Севилја ја совлада Валенсија на гости со 0-1, а Хуеска и Леванте ремизираа 1-1. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови