Атлетико Мадрид испрати понуда до Манчестер Сити за Хулијан Алварез, во која е вклучен и Жоао Феликс. Предлогот е Португалецот да биде испратен на „Итихад“ на позајмица со опција за откуп, а покрај тоа, шпанскиот клуб нуди и пари за светскиот шампион. Сепак, нема информации за точната сума што ја нуди Атлетико.
Во моментот е сигурно дека и двајцата напаѓачи бараат начин да заминат од клубовите каде што се под договор.
До неодамна Алварез беше на Олимписките игри со составот на Аргентина и сега ќе одмора.
Жоао Феликс, пак, е дел од подготовките на Атлетико и дури постигна гол на последниот пријателски натпревар, но јасно покажа дека не сака да остане, бидејќи по натпреварот одби да се качи во клупскиот автобус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













