МАКФУДБАЛ во Рига,
Македонија славеше со 0-3 против Летонија во Рига, а серијата голови ја отвори Јани Атанасов. По натпреварот, играчот за врска истакна дека е среќен поради триумфот, но и затоа што тој и соиграчите уште еднаш покажаа како се бранат боите на националниот дрес.
„Ова се многу важни три бода за нас. За овој натпревар се подготвувавме многу добро. Среќни сме што одигравме добро на терен и соработувавме како што треба. Тука сме за Македонија како и секогаш досега, докажавме како се гине за овој дрес. Беше тешко, но дадовме сѐ од себе и одиме во Ерменија со три бода. Сега ни е потребен одмор, а потоа ќе започнеме и со подготовки за следниот противник. Се надеваме на добар резултат и против Ерменија“, изјави Јани Атанасов.
Македонскиот национален тим утре од Рига патува за Ереван каде на 13 октомври ќе игра со конкурентот за првото место во групата, селекцијата на Ерменија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













