МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Македонија имаше три гола негатива на полувремето на „Олимпико“, но потоа Јани Атанасов постигна два гола и ја врати надежта на нашиот национален тим. Сепак, тој вели дека не може да биде среќен затоа што репрезентацијата загуби.
„Никогаш не може да бидеш среќен кога националниот тим ќе загуби. Но, драго ми е што постигнав два гола. Тогаш почувствувавме дека можеме да се носиме со големата Италија. Тргнавме по израмнување, но оставивме многу простор во одбраната и на крајот Италија постигна уште два гола. Верувам дека ќе ги анализираме грешките, треба добро да се одмориме и да се фокусираме за следниот меч против Англија во Скопје“, изјави Јани Атанасов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski