МАКФУДБАЛ во Рига,
Македонија има предност од 0-1 по првото полувреме против Летонија во Рига, во третото коло од групата Ц на Лигата на нации. Единствениот гол го постигна Јани Атанасов во 35-тата минута.
Македонските фудбалери доминираа во играта на почетокот, додека Летонија се закануваше преку брзи контра-напади, обидувајќи се да го загрози голот на Столе Димитриевски. Првата вистинска можност ја создаде Летонија во 13-тата минута, кога Јанис Икауниекс биеше со глава од осум метри, но ја промаши целта.
Македонија возврати преку Јани Атанасов, кој во 24-тата минута шутираше од далечина, но топката отиде над голот. Капитенот Енис Барди, пак, во 26-тата минута упати удар кој заврши малку над пречката.
Во 30-тата минута, Атанасов упати уште еден удар, кој беше во рамките на голот, но голманот на Летонија, Матревикс, успешно одбрани. Сепак, во 35-тата минута, по одлична комбинација со Бојан Миовски, Атанасов успеа да го совлада Матревикс и да ѝ донесе водство на Македонија.
Столе Димитриевски со две интервенции се истакна на крајот на првото полувреме и ја сочува мрежата пред одморот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski