Аталанта остана без двајца важни играчи до крајот на сезоната. Станува збор за напаѓачот Џанлука Скамака и за дефанзивецот Џорџо Скалвини. И двајцата имаат тешки повреди и ќе мора да бидат подложени на операции, објави клубот.
Ова е нов проблем за Скалвини, кој во ноември се врати на теренот по долго отсуство, но потоа заработи две последовни повреди на рамото, при што втората е причината поради која ќе мора да се оперира.
Слична е ситуацијата и со Скамака, кој штотуку се врати од повреда и ги одигра првите минути во сезоната во натпреварот против Торино, но веднаш доби нова повреда на квадрицепсот, која се покажа како посериозна од очекуваното.
„И двајцата ќе мора да бидат оперирани. Ова е големо разочарување, бидејќи губиме важни играчи за долг период. Тие можеа многу да ни помогнат и не заслужуваа вакво нешто. Сигурен сум дека ќе се вратат уште посилни и ги очекуваме со нетрпение на почетокот на следната сезона“, изјави извршниот директор на Аталанта, Лука Пекаризи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













