Connect with us

Аталанта непоразена на „Сан Сиро“, еврогол на Рафаел Леао (ВИДЕО)

Милан и Аталанта одиграа 1-1 на „Сан Сиро“ во последниот меч од денешната програма во Серија А. „Росонерите“ сега доцнат четири бода зад второпласираниот Јувентус, а само теоретски им се шансите да го стигнат лидерот Интер кој е далеку напред.

Рафаел Леао во третата минута постигна фантастичен погодок откако упати силен и прецизен удар откосо од левата страна.

Сепак, Аталанта се врати пред одморот. Бепе досуден пенал, а сигурен реализатор беше Тун Компајнерс во 42.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови