
Аталанта ќе бара сериозна сума за својата млада ѕвезда Расмус Хојлунд. 20-годишниот Данец е цел на неколку европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Јувентус, но се чини дека нема да го добијат евтино.
Во Аталанта се надеваат дека ќе го задржат напаѓачот во своите редови, но од друга страна клубот ќе сака да го извлече максимумот од евентуална негова продажба, не пуштајќи го да си оди за помалку од 90 милиони евра.
Манчестер Јунајтед е клубот што во моментот е најзаинтересиран за данскиот интернационалец.
Хојлунд постигна 16 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања за тимот од Бергамо минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
