Connect with us

Астон Вила со 200.000 фунти неделно го убедува Грилиш да не оди во Манчестер Сити

Англискиот премиерлигаш Астон Вила очајнички се обидува да го задржи својот најдобар фудбалер Џек Грилиш во клубот. Тој е во преговори со Манчестер Сити за преселба кај првакот, но се уште ја разгледува можноста и за останување во Бирмингем.

Раководството на Астон Вила му достави официјална понуда на Грилиш за неделна плата од 200.000 фунти доколку реши да не замине на „Итихад“. Надежите се дека тој сепак ќе остане верен на клубот и ќе потпише нов договор.

Англискиот репрезентативец се уште е на одмор поради настапот на Европското првенство. Селекцијата на гордиот Албион стигна до финалето каде на пенали доживеа пораз од Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови