Connect with us

Астон Вила по четири децении конечно ќе игра во Лигата на шампионите

Поразот на Тотенхем од Манчестер Сити (0-2) во одложениот натпревар од 34. коло на Премиер – лигата и официјално го загарантира пласманот на Астон Вила во топ 4 екипите. Тоа значи дека клубот од Бирмингем првпат по 41 година ќе игра меѓу најдобрите на Стариот континент и ќе биде дел од Лигата на шампионите.


„Вила парк“ за првпат ќе ја слушне химната на Лигата на шампионите, бидејќи последен пат тимот играше на најпрестижниот европски клупски турнир кога беше наречен Куп на европските шампиони и се одржуваше во формат со директни елиминации без групна фаза како што е денес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови