
Астон Вила е подготвена да плати 70 милиони евра за правата на голгетерот на Болоња Џошуа Зиркзе, пишува „Football Italia“. Холанѓанецот е многу посакуван и од Милан.
Се очекува напаѓачот да го напушти својот сегашен клуб на лето, без разлика дали „рособлу“ ќе се пласира во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ планираат да понудат 50 милиони евра на Болоња за Зиркзе, како и правата на белгискиот интернационалец Алексис Салемакерс, кој моментно е на позајмица во тимот на Тијаго Мота.
Астон Вила веќе стапи во контакт со агентот на Холанѓанецот Киа Јорабчијан за потенцијален трансфер во Бирмингем. Англискиот клуб може да плати 70 милиони евра за играчот, а воедно да му понуди и годишна плата од 2 милиони евра.
Зиркзе е младинец на Баерн, а Баварците имаат опција да го вратат за 40 милиони евра. За напаѓачот се заинтересирани и Арсенал и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
