Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб од Премиер-лигата. За играчот се заинтересирани Астон Вила и Кристал Палас, објавија медиумите на Островот.
Трансферот на Санчо во некој од овие клубови би можел да биде финализиран во јануари.
На 14 септември, Манчестер Јунајтед објави суспензија на Санчо од тренинзите на првиот тим по конфликтот со менаџерот Ерик тен Хаг. Стратегот е подготвен да го врати играчот во групата само доколку Санчо му се извини нему и на тимот.
Здружението на професионални фудбалери е подготвено да помогне во решавањето на спорот меѓу играчот и тренерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













