Connect with us

Астон Вила го убедува Стивен Џерард да дојде за менаџер на „Вила Парк“

Легендата на Ливерпул и актуелен менаџер на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, е голем фаворит на раководството на Астон Вила за тренерската позиција на „Вила Парк“. Клубот му даде отказ на Дин Смит по пет последовни порази во Премиер – лигата и сега бара адекватно решение кој да го заземе празното место.


Според англиските медиуми, Џерард е на врвот на листата на желби на сопствениците на Астон Вила. Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хазенхатл, исто така има добри позиции, а спортскиот директор на клубот од Бирмингем, Јохан Ланг, е во близок контакт со менаџерот на Брентфорд, Томас Франк и со селекторот на Данска, Каспер Хулманд, кои исто така се поврзуваат со оваа функција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови