Астон Вила е на чекор до ново квалитетно засилување, второ по Фелипе Кутињо. Во тимот од Бирмигем ќе пристигне нов лев бек, откако Астон Вила победи во трката со Челси, Њукасл и Вест Хем за Лукас Дињ.
Тој сака да игра под раководство на Стивен Џерард, се шпекулираше дека Анвар Ел Гази би можел да биде во спротивна насока, но Евертон сака кеш и се чини дека Астон Вила ќе се обврзе да го купи Французинот за околу 30 милиони евра.
Дињ минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Евертон, но со доаѓањето на Бенитез се промени неговиот статус и влезе во конфликт со Шпанецот.
Тој дојде од Барса на „Гудисон парк“ во 2018 година и беше платен нешто повеќе од 20 милиони евра. За клубот одигра 127 натпревари, а Евертон веќе најде замена за Французинот, го доведе левиот бек на Динамо Киев, Витали Миколенко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













