Connect with us

Астон Вила без Кутињо до крајот на сезоната

Фудбалерот на Астон Вила, Филипе Кутињо, нема да игра повторно до крајот на сезоната во Премиер – лигата. В сабота на 20 мај, тимот на Астон Вила гостува на „Енфилд“, но Бразилецот нема да игра против својот поранешен тим.


Кутињо се повреди пред средбата со Тотенхем минатиот викенд, натпревар кој Астон Вила го доби со 2-1 на домашен терен.

„Мора да бидеме трпеливи“, изјави тренерот Унаи Емери за состојбата на Кутињо.

„Сега треба да почекаме да се опорави. Тој нема да игра повеќе оваа сезона, со оглед дека завршуваме за две недели“, додаде шпанскиот стручњак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови