Connect with us

Аспиликуета објасни зошто го избра Атлетико Мадрид иако беше договорен со Интер

Поранешниот капитен на Челси, Цезар Аспиликуета, објасни зошто ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид, и покрај тоа што првично изгледаше сигурен неговиот трансфер во Интер.
33-годишниот Шпанец се одлучи да се врати во татковината на слободен трансфер откако договорот со клубот од „Стемфорд Бриџ“ беше раскинат со заедничка согласност.


„Зошто го избрав Атлетико? Имаше многу гласини за мене, а јас не сум навикнат на такви работи. Во овој случај, сега разговарав со тренерот и со други луѓе од клубот. Веднаш почувствував дека ова е најдоброто за мене и дека тука многу ќе помогнам“, изјави Аспиликуета на своето денешно претставување.


„Верувам дека со напорна работа овде може да се направат многу добри работи. Видов како Атлетико растеше како клуб и навистина сакав да дојдам тука“, продолжи тој.

На средбата со медиумите, новинар го изненади Аспиликуета прашувајќи дали тимот сега може да ја освои Лигата на шампионите.

„Хм, рано е за тоа прашање“, одговори тој. „Амбицијата е тука, и секогаш треба да се стремиме кон максимумот. Би било апсурдно да кажеме „не“ и да сметаме дека сме среќни што стигнавме само до осминафиналето. Но, освојувањето на трофејот во ЛШ е едно од најголемите достигнувања во мојата кариера и се надевам дека за 10 месеци повторно ќе разговараме за тоа. Но, да одиме натпревар по натпревар, затоа што нема смисла да се зборува за финале, ако претходно не сте освоиле ниту бод во групата. Желбата за успех е тука, но има уште многу детали од кои зависи дали ќе бидете најдобри во битката“, изјави Аспиликуета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови