Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио се предомислува и сега повторно е отворен за идејата да потпише нов договор со Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Договорот на Асенсио истекува на крајот на сезоната, а се очекуваше сигурно да ја промени средината. Сепак можно е да дојде до пресврт.
Асенсио не е задоволен од лимитираната минутажа која ја добива кај Анчелоти. Оваа сезона одигра само 246 минути на кои постигна два гола и две асистенции, но најчесто влегува од клупата за резерви.
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор, а Асенсио сега сериозно размислува дали да ја прифати понудата.
Претходно, се споменуваше дека Марко Асенсио преговара дури и со најголемиот ривал Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













