
Марко Асенсио пред неколку месеци беше многу поблиску до заминување отколку да остане во Мадрид, но сега ситуацијата се промени. Тој изјави дека е подготвен да потпише нов договор со Реал, откако Карло Анчелоти го убедил дека тоа е најдоброто решение.
„Да, точно е. Карло Анчелоти имаше големо влијание и ми даде доверба, а јас би сакал да потпишам нов договор. Тоа беше клучно за да останам”, изјави Асенсио.
Се очекува по Мундијалот неговиот агент Жорге Мендеш и Флорентино Перез да најдат заеднички јазик околу продолжувањето на соработката.
Асенсио има договор до 30 јуни 2023 година, па затоа Реал мадрид мора да реагира за да не добие право да преговара со заинтересираните клубови во јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
