Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе очекува да го напушти тимот во август, пренесува шпанскиот весник „Aс“. Според овој медиум, 22-годишниот Французин не планира да го продолжи договорот со францускиот гигант. Тој има лоши односи со спортскиот директор Леонардо.
Се известува дека поради ова, преговорите за нов договор со играчот ги води претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој наскоро ќе се обиде да го убеди да остане во тимот. Се очекува самиот фудбалер да не се согласи со предлозите на Ал-Келаифи.
Голем интерес за ангажман на Мбапе покажува Реал Мадрид и најавите се дека тој ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на преодниот рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













