Connect with us

Артета: Заслуживме да победиме на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази мислење дека неговиот тим требало да го добие дербито со Манчестер Јунајтед поради играта прикажана на „Олд Трафорд“. На крајот, сепак, лондончани го забележаа првиот пораз од почетокот на сезоната, губејќи со 1-3.


„Многу сум разочаран, особено по начинот на кој се играше целиот натпревар. Во големи периоди од натпреварот тотално доминиравме и ја контролиравме играта. Создававме шанса по шанса, но не можевме да го затвориме натпреварот. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаа три одлични можности и постигнаа три гола, додека ние имавме многу шанси, но не постигнавме доволно голови. Заслуживме многу повеќе според начинот на кој доминиравме на натпреварот“, изјави Микел Артета по пресметката на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови