Connect with us

Артета: Разочаран сум од ремито, можевме подобро да се одбраниме

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше своето разочарување по ремито против Сандерленд во Премиер – лигата, откако неговиот тим пропушти победа во последните моменти од мечот кој заврши 2-2.

„Нормално дека сме разочарани. Целта ни беа трите бода, а натпреварот беше навистина тежок. Имавме неколку сложени ситуации со кои требаше подобро да се справиме. Примивме гол кој не соодветствува на нашите стандарди, но тимот покажа карактер и храброст. Иако противникот постигна два гола, ние ја контролиравме играта“, изјави Артета.

Тој додаде дека одбраната мора да покаже поголема дисциплина и концентрација.

„Мораш да го заштитиш својот шеснаесетник кога противникот напаѓа со повеќе играчи — без разлика дали е тоа од акција, аут или некоја друга ситуација. Овојпат не реагиравме доволно добро и затоа примивме гол. Жал ми е, бидејќи можевме да се одбраниме подобро, но мора да се признае дека и Сандерленд вложи голем напор“, заврши тренерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови