Арсенал се соочува со сериозни проблеми поради повреди на клучни играчи. Најновата лоша вест е дека Каи Хаверц ја заврши сезоната поради повреда на задната ложа, здобиена за време на тренинг кампот во Дубаи. Според извештаите, повредата е сериозна и ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.
Ова е дополнителен удар за менаџерот Микел Артета, кој веќе се соочува со отсуство на неколку клучни играчи. Габриел Жезус исто така ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти, здобиена на натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Букајо Сака и Габриел Мартинели се очекува да се вратат на терените кон крајот на март или почетокот на април.
Поради овие отсуства, Артета ќе мора да се потпре на играчи како Леандро Тросар, Итан Нванери и Рахим Стерлинг за офанзивните задачи во наредните натпревари. И покрај можноста да ангажираат слободни играчи, клубот одлучи да не го прави тоа, бидејќи нема достапни опции кои би го засилиле тимот на потребното ниво.
Добра вест за Арсенал е што нема да игра во плејофот на Лигата на шампионите, што значи дека е слободен до осминафиналето, кое започнува на почетокот на март. До крајот на февруари, тимот ќе одигра три натпреварим против Лестер и Нотингем Форест на гости, и против Вест Хем на „Емирати“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













