Connect with us

Артета: Ќе се бориме до последен здив

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, нема намера да се предаде по тешкиот пораз од Манчестер Сити (1:4). Тоа беше директна пресметка на двата главни претенденти за титулата и поразот сериозно ќе ги потресе „топчиите“ кои сѐ уште се на првата позиција, но „граѓаните“ имаат два натпревари помалку и имаат простор да ги престигнат.


Сепак, Шпанецот останува оптимист и продолжува да верува дека има шанси неговиот тим да биде шампион.

„Тешко е после ваков пораз. Но, ако ја погледнеме пошироката слика, самиот факт дека се боревме до крај со овој противник е неверојатен. Ќе ја продолжиме борбата, нема да се предадеме. Останаа уште пет натпревари и во овој шампионат сѐ е можно да се случи. Сум видел многу работи во кариерата, на крајот на краиштата, тука сум 20 години. Во исто време, треба да се погледнеме во огледало и да признаеме дека загубивме од исклучителен противник и тоа е тоа“, призна Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови