
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, тешко го преголта поразот од 0-2 од Борнмут. Ова беше прв пораз за „топчиите“ во Премиер – лигата од почетокот на сезоната.
Лондончани играа со играч помалку од 30. минута, кога Вилијам Салиба доби црвен картон, а вакво нешто се случува по третпат од почетокот на сезоната. Според менаџерот Микел Артета, две големи грешки го одлучиле исходот на натпреварот.
„Разочарани сме од резултатот и навистина нè боли што повторно моравме да играме со 10 играчи. Во таков контекст е многу тешко да се освојат трите бода. Не можам да го обвинувам тимот за начинот на кој пристапија кон натпреварот. Направивме две големи грешки кои нè чинеа пораз на натпреварот“, изјави Артета.
„Разговаравме за некои тешки прашања. Тоа што се случи е нешто непредвидливо и не можеме да се подготвиме за тоа. Мора да играме 11 на 11, ако сакаме да победуваме на ова ниво. Не знам како ќе се развиеше натпреварот ако игравме со 11 играчи, но мислам дека тимот прилично добро се претстави со играч помалку на гостински терен“, додаде Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
