Connect with us

Артета: Дербито со Манчестер Сити нема да решава за титулата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека резултатот од утрешното дерби со Манчестер Сити на „Итихад“ нема да ја реши трката за титулата во Премиер – лигата. „Топчиите“ имаат пет бода предност, но и два меча повеќе од актуелните шампиони.


Тоа значи дека ако Сити утре победи, ќе ја држи судбината во свои раце. Арсенал е во серија од три последовни ремија, а Сити има 13 победи и три ремија во сите натпреварувања од почетокот на февруари, кога воедно беше и последниот пораз на „граѓаните“ – од Тотенхем.

„Од почетокот на сезоната знаевме дека Сити и Ливерпул се тимовите со кои треба да се справиме. Тие ги заслужуваат сите заслуги за нивните настапи во последните 6-7 години. Сакавме да ја намалиме разликата и сега сме израмнети со нив. Знаеме дека ќе биде тешко на „Итихад“, но дали овој натпревар ќе ја реши сезоната? Ако победиме утре, нема автоматски да станеме шампиони. Можеби ќе ни се зголемат шансите, но со уште пет натпревари ќе биде многу тешко. Трите ремија во низа не се манифестација на нерви, туку поради некои ситуации во клучните моменти каде не се снајдовме најдобро. Нашата ефикасност не беше добра. Требаше да постигнеме повеќе и да примиме помалку од лесните голови“, вели Микел Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови