Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата на неговиот тим од 2-0 против Брајтон во 17. коло од Премиер – лигата. Успехот беше од витално значење за „топчиите“ по „киксовите“ на директните конкуренти за првата позиција, Ливерпул и Манчестер Сити.
„Неверојатна претстава. Беше задоволство да се гледа од почеток до крај. Задоволен сум од начинот на кој победивме против овој многу добар противник. Дури и на полувремето резултатот не го одразуваше она што беше прикажано на теренот. Ние заслуживме да победиме. Имавме 15 удари во првото полувреме. Имавме многу ситуации да ја внесеме топката во мрежата, но ние не успевавме, а 1-0 речиси никогаш не е доволно. На крајот сепак го потврдивме триумфот“, изјави Микел Артета.
Во следното коло Арсенал му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal