Напредокот на Астон Вила под раководството на менаџерот Унаи Емери е извонреден, изјави неговиот наследник во Арсенал, Микел Артета, пред утрешната средба меѓу двата премиерлигаши.
„Работата на Унаи има огромно влијание врз перформансите на тимот во целина. Тие сѐ уште играат во европските натпреварувања, имаа натпревар во четвртокот. Навистина сум импресиониран од она што го прават“, изјави Артета.
Астон Вила минатата сезона заврши на седмото место, што е нивен прв пласман во топ 10 од 2011 година. Тимот од Бирмингем моментно е шестопласиран со 11 бода помалку од Арсенал.
Емери во победата над Лил во Лига Европа го прослави 1.000. натпревар во кариерата како тренер.
„Тоа е неверојатно. Тој беше успешен во толку многу земји и со толку многу различни тимови. Многу го почитувам и му посакувам сѐ најдобро. Се разбира, не и утре. За нас, секој натпревар е клучен за нашата иднина. Така, гледаме на сезоната натпревар по натпревар. Само ова може да не задржи фокусирани на целите што ги следиме“, истакна Микел Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













