Connect with us

Артета: Арсенал ќе биде сосема друг тим сега после паузата

Арсенал на стартот од оваа сезона, благо речено, е во криза. По три одиграни кола, тимот од Лондон забележа три порази. Она што е уште поголем срам за „топџиите“ е фактот што на тие три натпревари не успеаја ниту еднаш да ја затресат противничката мрежа, па моментално се заковани на последното место на табелата во Премиер – лигата. Ова е најлошиот старт на Арсенал во последните неколку децении.

Но, менаџерот Микел Артета е оптимист и се надева дека неговиот тим ќе игра многу подобро во продолжението од сезоната, почнувајќи од дуелот против Норич.

„Ни требаше пауза за да ги вратиме нашите играчи. Се надевам дека ќе имаме различен тим во сабота. Сега е сосема поинаку. Сега треба брзо да изградиме тимски дух и да тргнеме во успеси“, оптимист е Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови