Англискиот премиерлигаш Арсенал прави нов обид за ангажман на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Тој игра одлично оваа сезона во Серија А и го сврте кон себе интересот на неколку европски гиганти.
Влаховиќ ја одби првата понуда на Арсенал, но раководството на „топчиите“ не се откажува од намерата да го доведе на „Емирати“. На Србинот му нуди фантастични услови според кои би имал заработка од 200.000 евра неделно. Тоа е речиси осум пати повеќе од неговата сегашна плата во Фиорентина.
„Виолетовите“ се обезбедија со нов напаѓач, во Фиренца пристигна Кжиштоф Пјонтек и се очекува Влаховиќ да замине до крајот на зимскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













