
Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде да го доведе Лирој Сане летово како слободен агент. Договорот на германскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната и во овој момент преговорите меѓу него и Баерн Минхен за продолжување на соработката се во застој.
Микел Артета верува дека искуството и квалитетите на Сане би биле добредојдени во тимот на Арсенал и тој може значително да го зголеми капацитетот на „топчиите“.
Потенцијалниот трансфер на Сане би бил голем успех за Арсенал. Една од причините поради кои 29-годишниот фудбалер би можел посериозно да размисли за понудата од Лондон е тоа што тој веќе соработуваше со Микел Артета додека двајцата беа дел од Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
