
Арсенал го победи Барнли на „Емирати“ со 3-1 и се израмни на врвот на табелата со Манчестер Сити кој утре му гостува на Челси. Леандро Тросар во последните мигови од првото полувреме донесе водство за Арсенал, а Барнли израмни преку Џош Браунхил во 54.минута.
Салиба ја врати предноста на „топчиите“ во 57.минута, а Зинченко погоди за 3-1 во 74.минута.
Манчестер Јунајтед го победи Лутон со 1-0 на „Олд Трафорд“. Стрелец на победничкиот гол беше Виктор Линделоф во 59.минута.
Евертон славеше на гости против Кристал Палас со 2-3. Миколенко, Докуре и Геје беа стрелци на головите за гостите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
