Арсенал ги следи настапите на младиот талент на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Ларсон. 19-годишниот играч од средниот ред го привлече вниманието на „топчиите“, кои го зголемуваат интересот за него, тврди „Билд“.
Ајнтрахт можеби ќе мора да се раздели со неколку играчи во текот на летото доколку не успее да се пласира во европските натпреварувања. Арсенал има намера да го искористи ова и ќе се обиде да го купи Швеѓанецот.
Сепак, неговото привлекување на „Емирати“ нема да биде така лесна задача, бидејќи играчот има договор до 2028 година, а германскиот клуб одреди отштета од 80 милиони евра.
Ларсон беше доведен во Ајнтрахт од Малме летото за само 9 милиони евра, но брзо се наметна во тимот. Досега има забележано 30 натпревари, два гола и две асистенции за тимот од Франкфурт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal