Арсенал успеа да го победи Брентфорд на „Емирати“ со 2-1 и се искачи на врвот на табелата во Премиер-лигата во пресрет на утрешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити. Сега „топчиите“ имаат бод предност пред Ливерпул и два бода позитива во однос на Сити, но и еден одигран натпревар повеќе од конкурентите за титулата.
Арсенал дојде во водство со голот на Деклан Рајс во 19.минута.
Брентфорд израмни по огромната грешка на голманот Арон Рамсдејл кој во обид да дегажира го погоди Јоан Виса, а топката заврши во неговата мрежа.
Арсенал речиси цело второ полувреме се обидуваше да стигне до втор погодок и тоа конечно му успеа на Каи Хаверц во 86.минута од средбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













