Connect with us

Арсенал подобри сопствен антирекорд во Премиер-лигата

Предноста на Арсенал во Премиер – лигата продолжува постепено да се намалува, но тимот засега останува на врвот на табелата, со два бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, кој има и два натпревари помалку.


Сепак, „топчиите“ забележаа четврти последовен меч без победа, откако на гостувањето кај „граѓаните“ загубија со 1-4.

Пред овој пораз Арсенал беше во серија од три нерешени средби – 2-2 со Ливерпул, повторно 2-2, но со Вест Хем, како и 3-3 со тимот од долниот дел на табелата, Саутемптон.

Лондончани станаа првиот тим од сезоната 2007/08 што немаше успех на четири последовни средби, и покрај тоа што во секоја од нив влезе како лидер на табелата.

Претходниот сличен случај им припаѓа исто така на „топчиите“, кои во февруари и март 2008 година повторно беа лидери на табелата, но потоа ремизираа четири меча по ред со Бирмингем, Астон Вила, Виган и со Мидлсборо, по што ја загубија предноста.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови