Арсенал го оствари вториот последовен пораз, а нема победа на последните три натпревари од 2023 година во Премиер-лигата. „Топчиите“ загубија на гости кај Фулам со 2-1 и сега паднаа на четвртата позиција на табелата со 40 бода.
Букајо Сака донесе водство за Арсенал во петтата минута, а израмни Раул Хименез во 29.минута од дуелот. Победничкиот погодок за Фулам го постигна Боби Реид во 60.минута.
Тотенхем се врати во трката за титулата и стигна до петтата позиција со 39 бода, три помалку од лидерот Ливерпул, откако на домашен терен го победи Борнмут со 3-1.
Папе Сар донесе предност за Тотенхем, а во второто полувреме блеснаа Хјонг Мин Сон и Ришарчлисон и со два гола го решија победникот. Почесниот погодок за Борнмут го постигна Скот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













