
Англискиот премиерлигаш Арсенал во зимскиот преоден рок ќе се обиде да доведе нов играч за врска. Повредата на Томас Парти го принудува Арсенал да излезе на пазарот и бидејќи целта е борба за титулата, ќе мора да доведе ново име.
Интернационалецот од Гана нема да може да се врати до крајот на јануари, а Арсенал сака на почетокот на преодниот рок да го доведе Даглас Луиз од Астон Вила.
Клубот од Бирмингем е апсолутен хит на Премиер – лигата досега и моментално е на петтото место во првенството. Борбата за пласман во Европа е целта за Унаи Емери и неговиот тим, а Даглас Луиз е важен дел од составот.
Бразилецот е оценет како совршена замена за Томас Парти, со тоа што нема да биде евтин и Астон Вила нема лесно да се откаже од него. Тој има договор до 2026 година и неговата вредност е околу 50 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
