
Арсенал ги следи настапите на дефанзивецот на Валенсија, Јарек Гасиоровски, тврдат медиумите на Островот. 18-годишниот централен дефанзивец пред една година влезе во видното поле на „топчиите“ и тие продолжуваат да се интересираат за него.
Гасиоровски дебитираше за Валенсија во поразот од Реал Мадрид минатиот викенд. Тој исто така одигра многу силен натпревар за репрезентацијата на Шпанија до 19 години против Молдавија оваа недела. Иако е централен дефанзивец, младиот фудбалер на овој меч постигна хет-трик.
На 16 натпревари за Шпанија до 19 години, Гасиоровски веќе има пет гола.
Според информациите на „АС“, Арсенал е многу заинтересиран за можноста да го доведе младиот талент во своите редови. Од „Емирати“ се свесни дека во договорот на играчот има откупна клаузула од 20 милиони евра и се чини дека сериозно размислуваат да ја платат во јануари или најдоцна идното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski