Менаџерот на Арсенал, Микел Артета би можел да стане еден од најплатените менаџери во Премиер – лигата доколку потпише нов договор со клубот. Шпанецот има уште една година од актуелниот договор на „Емирати“ и се етаблираше како еден од најдобрите млади менаџери во Европа.
Клубот од северен Лондон потпиша договор со поранешниот помошник-менаџер на Манчестер Сити во 2019 година и тој се понуди за нешто големо откако го освои ФА Купот во неговата прва сезона.
42-годишниот Шпанец, исто така, беше клучен за составувањето на млад и талентиран тим на „топчиите“ кои беа во борба за титулата во изминатите две сезони. Оваа завршија на само два бода зад Манчестер Сити.
Според „Football Insider“, Арсенал е импресиониран од напредокот на Артета и сега преговара за нов долгорочен договор со својот менаџер што го доближува до неверојатниот пакет од 20 милиони фунти по сезона што Пеп Гвардиола моментално го заработува на „Итихад“.
Првичните неформални разговори за нов договор се започнати, но се очекува да се интензивираат откако Артета и спортскиот директор Еду ќе се вратат од летните одмори. Се верува дека Шпанецот е во силна позиција да преговара за значаен договор со оглед на неговиот статус како еден од врвните менаџери во Европа, но во клубот се уверени дека ќе успеат да постигнат договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













