Connect with us

Арсенал ќе го задржи Одегард со долгорочен договор

Англискиот премиерлигаш Арсенал е во преговори за нов договор со играчот од средниот ред Мартин Одегард. Раководството на „топчиите“ сака да го заокружи договорот во наредните неколку недели. Играчот за врска исто така сака да продолжи да игра за клубот од „Емирати“.


Одегард е во Арсенал од 2021 година. Норвежанецот минатата сезона одигра 45 натпревари, постигнувајќи 15 гола и осум асистенции. Неговиот актуелен договор истекува во 2025 година.

Арсенал веќе потпиша долгорочни договори со неколку клучни играчи, Букајо Сака, Габриел Мартинели, Вилијам Салиба, Габриел Магалјаеш и Арон Рамсдејл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови