Connect with us

Арсенал ја чека одлуката на Марко Асенсио

Англискиот премиерлигаш Арсенал ја следи ситуацијата околу преговорите на фудбалерот Марко Асенсио и Реал Мадрид за обновување на договорот. 26-годишниот Асенсио сака да остане во шпанскиот гигант, но бара подобри финансиски параметри во предложениот нов договор.


Фудбалерот има уште една година од соработката со Реал, а добил рок до 20 јуни да одговори на понудата на Реал. Доколку не успее да постигне договор, речиси е сигурно дека Асенсио летово ќе го напушти „Сантијаго Бернанеу“.

Арсенал е заинтересиран за него, менаџерот Микел Артета би сакал да го има на „Емирати“, а раководството на клубот ја чека неговата одлука и се надева дека ќе избере да се пресели во Лондон.

„Ќе видам што ќе се случи. Имам три опции, а една од нив е да останам и да ја исполнам последната сезона од мојот договор“, изјави неодамна шпанскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови